Search

(Видео) Објавена снимка од пукањето во црква во Тексас, верниците го убија напаѓачот

Верници собрани во црква во близина на американскиот град Форт Вортс убиле напаѓач, кој за време на миса отворил оган кон нив, соопштија властите.

Во престрелката загинал и еден верник, во кого напаѓачот пукал во црквата, а уште еден е во животна опасност.

Шефот на полицијата рекол дека напаѓачот пукал еднаш пред херојскиот потег на верниците.

Според информациите, еден од убиените бил вработен во обезбедувањето на црквата.

Во ноември 2017 година напаѓачот Девин Патрик Кели пукаше во верници во црква во Сандерленд Спрингс, исто така во Тексас и уби над 25 луѓе, по што изврши самоубиство.

Треба да знаете
Последни објави