Search

(Видео) Литванците огорчени од вандализмот на кинеска туристка

Литванските власти ги осудија постапките на кинеската туристка, која изврши акт на вандализам на местото на религиското наследство на оваа балтичка држава.

Видеото, кое првично беше објавено на „Инстаграм“ во ноември, кое го привлече вниманието на литванската јавност во текот на викендот, прикажува жена која го отстранува дрвениот крст на кој е изразена поддршка за хонгконшкото движење за независност, пренесе АП.

Крстот се наоѓал на Ридот на крстовите, каде што има десетици илјади крстови оставени од верници и посетители.

„Денес направивме добра работа. Нашата татковина е одлична“, рече таа откако го фрли крстот, а агенцијата пренесува дека овој инцидент веројатно нема да биде изолиран.

https://twitter.com/WBYeats1865/status/1210943288338894848

Друга фотографија објавена на социјалните мрежи претходно во ноември, покажува графит испишан на крстот: „Се надевам дека наскоро сите лебарки ќе се одморат во мир. Се надевам дека мирот може да се врати во Хонгконг“.

Министерот за надворешни работи, Линас Линкевициус го осуди делото на „Твитер“ како срамен чин на вандализам, додавајќи дека таквото однесување не може и нема да се толерира.

Полицијата започна истрага за двата инциденти.

Треба да знаете
Последни објави