Search

Богоевски: Тоа не е предлог на партијата туку на „султанот“ Мицкоски

На јавната дебата “Идните чекори за членство во НАТО“ организирана од македонско – американската асоцијација и Унијата на европски федералисти во Македонија, аналитичарите го оценија предлогот од опозициската ВМРО ДПМНЕ за Драган Ковачки, активно воено лице да биде министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да стапи на сцена на 3 јануари е анти – нато потег, кој доаѓа пред самата промоција на нашата земја како 30. полноправна членка на НАТО. Со овој потег на опозициската ВМРО ДПМНЕ се прекршува и Уставот.

Универзитетскиот професор Ризван Сулејмани смета дека предлогот е показател дека треба да имаме суштествени реформи во секторот на одбраната и безбедноста.

-Тоа е неприфатливо. Ова не сакав да го кажам, но цивилната контрола на моќна сила, војската и армијата, е неопходна. Доколку тие кажуваат кој треба да биде министер за внатрешни работи, не се чудете доколку утре го преземат и собранието и владата и премиерот и претседателот на државата. Ова е показател дека ни требаат суштински реформи во секторот на одбраната и безбедноста- изјави Сулејмани.

Реформаторот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богоевски пак додава дека Драган Ковачки не е партиски предлог туку како што го оцени лидерот на партијата, Мицкоски, на „султанот“. И Богоевски именувањето на Ковачки може да биде скандал и за НАТО.

Аналитичарите го критикуваа и однесувањето на опозицијата за блокирање на усвојувањето на законот за одбрана во Собрание. Потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ рече дека од една страна, опозицијата се залага за ратификација на протоколот за НАТО, а од друга страна го блокира законот за одбрана.

 

Треба да знаете
Последни објави