Search

Петмина избодени со нож во Њујорк додека прославувале Ханука

Полицијата во САД приведе едно лице коешто е осомничено за напад во домот на еден рабин во Њујорк, каде со нож беа избодени пет лица за време на прославата на Ханука. Осомничениот бил пронајден сиот во крв, информираше полицијата.

Станува збор за 37-годишниот Томас Графтон, кој според медиумите околу 22 часот влегол во домот на рабинот со мачета во рацете и ги нападнал присутните. Подоцна тој бил лоциран додека се неговото возило се движел преку мостот „Џорџ Вашингтон“ и бил приведен во Харлем. Тој ќе одговара за обид за убиство и за разбојништво, информира началникот на полицијата.

Две од жртвите се наоѓаат во критична сосотојба, а еден има најмалку шест убодни рани. Причината за нападот не е позната.

Нападот се случил во куќа во Монси, округот Рокленд, на околу 50 километри северно од Њујорк. Околу една третина од жителите на округот Рокленд се Евреи, вклучително и голема заедница на ортодоксни Евреи, кои живеат повлечено.

Треба да знаете
Последни објави