Search

Дончиќ со новиот трипл дабл урна два рекорди на лигата

Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ подели 15 асистенции и со уште еден „трипл-дабл“ придонесе во победата на Далас над Голден Стејт со 121:141.

Дончиќ запиша трипл-дабл од 31 поен, 15 асистенции и 12 скока, сето тоа за 30. минути на теренот, а голема поддршка доби од Хардавеј, кој броеше до 25 поени. Кај поразената екипа се истакна Расел со 35 поени.

На тој начин Словенецот стана најмладиот играч во историјата на НБА-лигата, кој на еден меч имал повеќе од 30 поени и 15 асистенции и го урна рекордот на Мајкл Џордан од 1984/85, легендарниот кошаркар тоа го направи на 21 година.Дончиќ е и најмладиот играч кој за 30 минути успеал да дојде до трипл-дабл од 30 поени, 12 скока и 15 асистенции.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по четирите порази во нива конечно им се вратија на победите, откако на гости со 120-128 славеше на дуелот со Портланд. Леброн Џејмс повторно беше на ниво со 21 поен и 16 асистенции, Кузма имаше 24 поени, додека кај Портланд Лилард постигна 31.

Сигурна победа извојува и Хјустон Рокетс над Бруклин Нетс со 108-98. Џејмс Харден беше прво име кај Рокетси со 44 поени и 10 скока, Вестрбук постигна 23, а Динвајдл од Бруклун заврши со 17 поени.

Треба да знаете
Последни објави