Search

Дибиров: Вардар го чекаат тешки времиња- пари нема!

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров, во интервјуто за рускиот „Брз Центар“ најави дека шампинот го очекуваат тешки времиња поради беспарицата, пренесе „24Ракомет.мк“.

„Во клубот имавме тешка полусезона. Поради многуте повреди, главните ракометари играа практично без замена во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, па уморот не стигна – и психички и физички. Во текот на цела година имавме проблеми во Вардар, но ја завршивме минатата сезона со победа во ЛШ. Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот. Во новата сезона имавме одличен старт, но во продолжение ништо не беше како што треба. Вардар никогаш не трпел такви тешки порази, како последните, и ние се запрашавме што тоа правиме погрешно. Повредени беа Кристопанс и Дисингер, долго се лечеше Стоилов, а надвор од терените беа Атман, Горбок, проблеми имаа и Калараш и Горпишин. На сето тоа се надоврза и смената на главниот тренер среде сезона. Таа влијаеше во промената на стилот на игра. Сите ја очекувавме оваа пауза, да одмориме и да размислиме што може да смениме и поправиме во пролетната полусезона. Јасно е дека имало проблем со селекцијата на играчи, дека мораме да очекуваме повеќе и од голманите. Не беше едноставно да се најдат замени за играчи од висока класа како Карачиќ, Милосављев, Мораеш…“, вели Дибиров.

Тој се осврна и на финансиските проблеми на актуелниот европски шампион, кои продолжуваат и покрај уверувањата дека по освојувањето на титулата нема повторно да ги има.

„И покрај мислењето дека финансиската состојба е подобрена, јас би кажал дека не е. Дури и полоша е. Мислам дека со такта состојба, клубот напролет ќе се соочи со сериозни кадровски проблеми, бидејќи од актуелниот состав, со исклучок на тројца играчи (Скубе, Кугис и Атман), на сите други им завршуваат договорите. Во ваква ситуација разговори за продолжување на соработката немаат смисла, а ниту пак некој не ги започнал од раководството. На Вардар му претстојат тешки времиња, вели Дибиров.

Фото: 24 Ракомет

Треба да знаете
Последни објави