Челзи врши притисок за дуо на ПСЖ

Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Џулијан Дракслер, може да се пресели во Челзи во зима, пренесува „Дејли експрес”.

Според весникот, лондонскиот тим е подготвен да потроши многу пари откако ќе се укине забраната за трансфери.

Менаџерот Френк Лампард е сериозно заинтересиран за 26-годишниот Германец, а Челзи „фрлиле око” и на играчот од средниот ред Идриса Геј, кој исто така игра за „принцовите”.

Оваа сезона, Дракслер има 8 натпревари и 2 асистенции на сите турнири.

Треба да знаете
Последни објави