Вчера во 14.30 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш(43) од селото Рогле, Тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдени поголема количина пиротехнички материјал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.