Две возила излетани од пат, двајца тешко повредени во Тетово и Кавадарци

На автопатот Скопје – Тетово во близина на бензинската пумпа синоќа во 21:10 часотпатничко моторно возило „опел астра” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(33) од Тетово, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.А кој е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза ” за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На кружен тек на булевар „Никола Минчев” во Кавадарци ноќеска во 04:30 часот патничко моторно возило „голф” со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(24) од с. Веничани, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.А.(26) од Скопје која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител ,а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави