Search

Пронајдени шест тела во урнат хеликоптер на Хаваи

Телата на шест лица се пронајдени во остатоците од хеликоптерот што се урна на хавајскиот остров Кауаи, соопштија локалните власти.

– По потрагата по хеликоптерот што не се врати од обиколка на островот во четвртокот, во остатоците се пронајдени шест тела, додека по седмиот патник се уште се трага, рекоа официјални претставници додавајќи дека е малку веројатно да има преживеани.

Луѓето чии тела се пронајдени сè уште не се идентификувани.

Потрагата по хеликоптерот, во кој се наоѓале пилот и шест патници кои биле членови на две семејства, почна во четвртокот вечерта.

Треба да знаете
Последни објави