Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 Програмата преку мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“

Од денеска па се до 11- ти февруари сите кои сакаат да аплицираат за добивање на средства од ИПАРД 2 Програмата, ќе можат да доставуваат барања за реализација на инвестиции  преку мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. о овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

„Рокот за аплицирање почнува од денеска, сабота, 28 декември и трае до 11- ти февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.3 милиони евра. Со ова  Владата, Министерството и Агенцијата, уште еднаш потврдуваме дека силно сме фокусирани кон развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот. На овој начин и преку овие мерки нудиме можност за развој на  домашните земјоделски стопанства и агро компаниите. Преку осовременување на постоечките и отворање на нови производни капацитети очекуваме да  постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки  и девизен прилив од извозот на домашните производи.“, изјави директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, – истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави