Во Јапонија откриен брод со мртви луѓе од Северна Кореја

Јапонската полиција денеска открила остатоци од најмалку пет лица во дрвен брод за кој се сомнева дека допловел од Северна Кореја, соопшти крајбрежната стража.

Бродот е пронајден на островот Садо во северозападната префектура Нигата.

Пронајдени се глави на две лица и пет тела, а причината за смртта се истражува.

Полицијата засега не може да потврди дали пронајдените глави припаѓаат на некое од петте тела или им припаѓаат на други лица.

Дрвениот брод имал букви и бројки на корејски јазик.

Според крајбрежната стража, ова е втор пат во еден месец на брегот на островот Садо да биде пронајден дрвен брод.

Треба да знаете
Последни објави