Изборот на претседател на Универзитетското студентко собрание на УКЛО

Во согласност со Законот за високото образовани и Статутот на УКЛО, на 30.12.2019 година ќе се одржи Изборно собрание за Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО). На овој начин УКЛО прв од Универзитетите во земја ги исполнува сите законски предуслови и отпочнува со новата форма на студентско организирање што е особено значајно за високото образование и самите студенти.

Во фокусот на работењето на УКЛО е студентот и кон Универзитетското студенстско собрание се гледа како на партнер во донесувањето на одлуките и заедничко креирање на политики за потребите на студентите. Во иднина ќе се разгледа можноста за финансиска поддршка на повеќе проекти кои би ги реализирале самите студенти, воедно да се зголеми комуникацијата на собранието со колегите од другите земји од регионот и членки на ЕУ и од САД.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание, со тајно гласање, со мандат од една година, со право на уште еден избор.

Студентско собрание е тело на универзитетот во кое членуваат претставници на студентите на универзитетско ниво.Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница. Универзитетското студентско собрание има надлежност да избира студентски претставници во Сенатот и другите органи и тела на универзитетот, каде што студентите заедно со професорите и другите членови на академската заедница заедно и рамноправно носат одлуки. Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред универзитетскиот сенат а и се грижи за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба. Универзитетското студенско собрание може и да им предложи на органите на управување, како што се ректоратот, деканската управа и слично, финансирање на студентски активности. Исто така, собранието и поттикнува студентски активности и надвор од наставниот процес.Универзитетското студентско собрание е составено од преставници на студентите именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание на единиците на Универзитетот.

Треба да знаете
Последни објави