Во градинка за кучиња кутрињата спијат како бебиња

Дневниот престој или градинката за кутриња „Папи спринг“ во Јужна Кореја редовно објавува фотографии од овие симпатични миленичиња.

Оваа установа се грижи за кутриња постари од 12 недели, а сопствениците ги оставаат таму кога одат на работа или кога треба да направат нешто, па не можат да им го посветат целото внимание.

Бидејќи повеќето од нив работат со полно работно време, тие се премногу зафатени за да се грижат за своите мали миленици во текот на денот, така што ваквите установи се сè попопуларни во Кореја.

„Секој ден имаме резервирани места за 30 кучиња“, вели портпаролот на „Папи спринг“ за порталот „Борд панда“ додавајќи дека кутрињата имаат и игралиште каде што се дружат кога не е време за попладневно спење.

Центарот „Папи спринг“ исто така нуди голем број игри и вежби за да ги научат кутрињата на послушност и социјализација со други кучиња и со луѓето – а бидејќи сите овие активности брзо ги исцрпуваат, најдобри  кадри се оние кога групно спијат помеѓу 2 и 3.30 часот – за време на групниот попладневен одмор.

Треба да знаете
Последни објави