Асфалтирање на улици низ Пинтија

Вчера градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направи увид во градежните активности за подобрување на инфраструктурата во населбата Пинтија.

Во моментов, во Пинтија се одвиваат градежни работи за асфалтирање на повеќе улици. Покрај оваа активност, во должина од 570 метри се поставува атмосферска канализација, се изработуваат нови тротоари, а се гради и нова пристапна улица.

Општина Кисела Вода средствата за овие големи зафати ги обезбеди  преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска Банка.

Општина Кисела Вода и следната година ќе продолжи да создава подобри услови за сите жители.

Треба да знаете
Последни објави