Search

Домаќин во казино „домаќински“ си зел над 11.000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ц.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.

Пријавениот, вработен како домаќин на клуб во две казина во Куманово, во текот на 2019 година во повеќе наврати од вработените во клубот побарал пари од сефот, при што од вкупно доверени 1.200.000 денари, депозит за исплата на добивки, присвоил за себе сума од 679.500 денари. Наведените парични средства до 07.10.2019, кога била извршена контрола, не ги вратил во клубовите.

Треба да знаете
Последни објави