Search

Силен земјотрес во Аргентина

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала ја погоди провинцијата Сантјаго дел Естеро во северниот дел на Аргентина, соопшти Геолошката служба на САД.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 126 километри североисточно од административниот центар на провинцијата, градот Сантјаго дел Естеро, на длабочина од 560 километри под површина на земјата. 

Треба да знаете
Последни објави