Search

Џафери инсистира на пренос од Собранието за граѓаните да видат што се случува

Половина час претседателот на Собранието, Талат Џафери ги чекаше пратениците од опозицијата да се вратат во пленарната сала за да продолжи утврдувањето на дневниот ред по 126. седница на која се ставени 124 точки.

-Пратениците кои многу се повикуваат на хуманизам и организација на работа да влезат во салата. Ќе ги чекам до 18 часот, рече Џафери пред 30 минути, но се предомисли па информира дека Парламентот ќе продолжи со работа и по 18 часот.

Џафери инсистираше на преносот од седницата во живо да оди цело време сликата со полупразната сала, за, како што рече, граѓаните да видат што се случува.

Собранието повеќе од четири часа не може да го усвои дневниот ред на седницата. Откако претседателот Џафери ги прочита предлог-законите предвидени за расправа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се јавуваа за збор со предлози за измени на дневниот ред, но ниту еден од предлозите не беше усвоен

Треба да знаете
Последни објави