Search

Советот за безбедност ја почна втората седница на која ќе расправа и за аерозагадувањето

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски  доцна попладнево се одржува втората седница на Советот за безбедност, на којашто на две одделни сесии ќе се расправа за тековни прашања поврзани со безбедноста и одбраната на државата, како и за проблемот со  аерозагадувањето.

На првиот дел од седницата за прашања поврзани со безбедноста и одбраната, покрај членовите на советот, присуствуваат и директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенција за разузнавање, Еролд Муслиу, и на Оперативно-техничката агенција Зоран Ангеловски, како и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата.

Како што најави претходно Кабинетот на Претседателот, на дебатата за аерозагадувањето ќе учествуваат и тројца претставници на здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина. Тие тогаш преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено. На членовите на Советот за безбедност и на граѓанските актисти ќе им се приклучат и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, неговиот заменик Јани Макрадули, како и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина

Треба да знаете
Последни објави