Search

Починала старицата прегазена кај „Еквилибриум“

Скопјанката која вчера беше прегазена кај ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром починала во болница, информираше МВР.

-На 22.12.2019 во 18.00 часот на улицата Методија Шаторов-Шарло во Скопје, автомобил „тојота корола версо”,  управувано од И.А.(22) од Скопје, удрило во пешакот Ц.М.(74) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Ц.М. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, каде на 23.12.2019 во 00.05 часот починала. Известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Фото: Република.мк

Треба да знаете
Последни објави