Search

Ловџија се застрелал во рамото

Вчера во 12:00 часот во Полициската станица Гевгелија од Здравствениот дом Гевгелија било пријавено дека кај нив било донесено лице повредено од огнено оружје.

Од страна на полициски службеници било утврдено дека станува збор за И.Т.(40) од с.Црничани, кој околу 10.30 часот, подготвувајќи jа пушката за лов, се повредил во пределот на левото рамо.

Според пријавеното, откако ја наполнил со куршуми, пушката паднала и испукала еден куршум. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави