Search

Велешанец не добил џек-пот, па се обидел да го запали казиното

На 22.12.2019 во 01:00 часот во Велес на ул.„8 Септември” бил лишен од слобода Б.Ќ.(56) од Велес, бидејќи се обидел да предизвика пожар во казино.

Додека се обидувал да опожари дел од инвентарот во казиното, тој бил спречен од полициски службеници и бил приведен во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави