Search

Рекордни 62,9 милиони патници на грчките аеродроми за период од 11 месеци

Зголемување за пет отсто бележи бројот на патници на грчките аеродроми од јануари до ноември 2019 во според со истиот период лани, со регистрирани рекордни 62,9 милиони патници, според статистичките податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Подетално, вкупниот број превезени патници за 11 месеци достигна 62 876 826, односно речиси три милиони (2 998 526) патници повеќе отколку во 2018 година.

Најголемо зголемување на бројот на патници било регистрирано на аеродромите во грчките градови Јанина и Каламата и на островот Наксос.

Зголемување, според статистичките податоци има и во однос на бројот на летови. Пораст за четири отсто е регистриран споредбено со 11те месеци од 2018.

Вкупниот број летови на грчките аеродроми за периодот јануари – ноември изнесува 515 381.

Треба да знаете
Последни објави