Боки 13 и татко му ќе даваат исказ за „Рекет 2“

Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката од „Межународниот Сојуз“, Христина Блажевска денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да дадат исказ како осомничени во истрагата за „Рекет 2“.

Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне пак во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле „Меѓународниот сојуз“ формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

За овој случај осомничени се уште пратеничката Фросина Ременски, како и потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ. Двете веќе дадоа исказ во обвинителството.

По распитот во обвинителството, Ременски изјави дека станува збор за конструиран случај од параполициски сили и дека очекува постпката против неа да биде повлечена.

Адвокатот на Мандиќ пак, рече дека не таа не знаела за измамите на Јовановски и била доведена во заблуда.

Треба да знаете
Последни објави