Search

Признание за Николовски: Две ипол години ги донирал своите дневници за деца без родители

Генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски две и пол години ги донирал своите
дневници и е Најголем индивидуален донатор за СОС Детското село во Скопје за 2019-та
година. Јавноста тоа го дозна денеска, кога на Николовски му беше доделено признание по
повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, 18 години години постоење на СОС
Детското село во Македонија и 70-годишнината од формирањето на првото СОС детско село.

Настанот се одржа под наслов „Едно семејство“, под покровителство на првата дама на
државата, сопругата на претседателот Стево Пендаровски – Елизабета Ѓоргиевска. Токму
солидарноста овозможува СОС Детското село да може да овозможува поддршка и згрижување
на децата без poдители, што е неговата основна функција, истакна Ѓоргиевска.
За признанието Николовски се заблагодари и на Фејсбук:
„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова
признание кое многу ми значи!
Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому! Секој ден
може да биде повод за мал гест!“, напиша тој.

Треба да знаете
Последни објави