Search

Макрадули: Овие ноември и декемеври се најзагадени во изминатите 10 години

Овој ноември и декември се најнезагадените месеци во последните 10 години. За жал бидејќи е чувствителна темата се користат слики од други градови, од други години. Ректорат оваа година има само 46 денови кои ја надминале границата, исто така и со другите делови од Скопје, изјави заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

-Сакам да зборувам за овие податоци и за загадувањето, но да се базира на знаење и информации. Најлошо е кога се зборува без да се знаат основни работи. Не се сложувам дека се рушат рекорди во загадувањето и дека не се прави ништо за да се реши овој проблем. Сите оние заложби кои ги кажував за време на опозицијата, со уште поголема енергија сега го правам тоа. Тргнат е патот на решавање на проблемот со загадениот воздух кој долги години беше запоставен, рече Макрадули.

Заменик министерот вели дека ја поддржува иницијативата на младите и дека со заедничка акција на министерството и граѓанскиот сектор може да се дојде до решение.

Макрадули информираше дека главната цел и една од конкретните мерки против загадувањето е мазутот и нафтата за затоплување да се замени со електрична енергија.

-Суштината на планот за чист воздух е да ги замениме тие штетни мазути, нафти со електрична енергија. Тоа е заеднички предлог на министерството за животна средина и граѓанскиот сектор.До сега тие што затоплуваат со мазут испуштаа 11 килограми ПМ 10 честички во воздухот, 20 градинки тоа повеќе нема да го прават, вели Макрадули.

Треба да знаете
Последни објави