Search

Во Тирана од Заев побарана слобода за албански политички затвореници во Северна Македонија

На денешниот Самит на Западен Балкан во Тирана, на кој учествуваат премиерот Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер бил предупреден дека можат да се случат протести на Албанците во земјава, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Група претставници на Албанците со потекло од Северна Македонија го пресретнале Заев и го предупредиле дека Албанците би можеле да организираат протести во земјава доколку не бидат исполнети нивните барања.

Тие побарале од Заев да ги ослободи, како што рекле, сите албански политички затвореници во земјава, потсетувајќи го премиерот дека ветил оти ќе го стори тоа пред да дојде на власт.

Порачале дека вооружената акција „Дива населба“ во Куманово е монтиран политички случај и дека убиството на петмината млади Македонци кај Смилковското езеро е случај поради кој во затвор се невини Албанци.

Како што пренесува „Танјуг“ тие се разделиле со прашањето „дали треба да организираме протести?“, на што Заев одговорил „не мора, се ќе биде добро“.

Треба да знаете
Последни објави