Search

Академија Пандев се засили со бугарски интернационалец

– Бугаринот Ангел Грнчов е првото зимско засилување за фудбалскиот прволигаш Академија Пандев.

Грнчов е играч кој настапува на позицијата централен дефанзивец, има 27 години, а во минатото бил младински репрезентативец на нашиот источен сосед.

Во родната земја, Грнчов бил член на ЦСКА Софија, Локомотив Пловдив, Славија Софија, Нефтохимик Бургас и други помали клубови, а во струмичкиот тим доаѓа од косовски Фљамуртари за кој одигра пет меча. Пандевци најавуваат дека Грнчов е првото од неколкуте планирани засилувања кои ќе се ангажираат пред стартот на пролетниот дел од првенството.

Треба да знаете
Последни објави