Search

Инсталирани нови мерни станици за РМ10 честички во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес и Кавадарци

Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на пет автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и на пет системи за прибирање и обработка на податоци, информира дека во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на РМ10 и истите се ставени во работен режим.

Податоците од извршените мерења, од денеска се достапни за јавноста на веб порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk.

Од Министерството, исто така, информираат дека инструментот за симултано мерење на РМ10 и PM2.5 од Куманово е исклучен од системот поради технички проблем. Во моментот кога ќе се отстрани проблемот инструментот ќе биде ставен во работен режим.

Треба да знаете
Последни објави