Search

Големата граѓанска трибина во Скопје испрати силна порака: Со постојани промени, европски концепт, СДСМ продолжува до нова победа

На граѓанската трибина „На прав пат” во преполната сала Борис Трајковски граѓаните можеа да видат нов, енергичен СДСМ кој постојано се менува, со европски концепт, партија целосно мотивирана за работа во интерес на граѓаните.

Со постоечката партиска екипираност и со новите луѓе, сите капацитети ги ставаме во служба на граѓаните и нивните интереси.

Преку бројните активности, над 600те маалски и урбани средби, над 20те граѓански трибини низ државата, преку секојдневните посети на наши членови и активисти од врата до врата, го слушаме гласот на граѓаните, ги нотираме нивните потреби и барања и заеднички наоѓаме решенија.

Нашите тимови остануваат со граѓаните.

Сите забелешки и предлози внимателно ги анализираме и ги вградуваме во решенија од новата програма со која СДСМ ќе настапи на предвремените избори.

Масовните посети на трибините, а особено на последната во „Борис Трајковски” покажа дека граѓаните го препознаваат одговорниот и развоен, европски концепт што го нуди СДСМ.

Таква ќе биде понудата на СДСМ и за следните избори на 12 април.

Затоа СДСМ убедливо води на сите анкети и е убедлив фаворит на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Треба да знаете
Последни објави