Search

Боливија издаде потерница по Моралес

Боливиското обвинителство објави потерница по неодамнешниот претседател Ево Моралес, обвинувајќи го за тероризам и поттикнување бунт.

Обвинувањата против Моралес се засновани, како што пишува весникот „Разон“, на видео-снимка од разговор меѓу Моралес и соработниците, од кој произлегува дека Моралес планирал да ги блокира градовите и да ги остави без храна за да го спречи бунтот.

Моралес во средината на минатиот месец, по 14 години владеење, поднесе оставка од функцијата претседател. Тој по оставката замина во Мексико.

Протестите во Боливија почнаа набрзо по одржувањето на изборите кон крајот на октомври, на кои Моралес победи. Во нередите, досега се убиени тројца луѓе, а над 300 се повредени.

Треба да знаете
Последни објави