Чешка тинк-тенк организација бара забрана за руските медиуми

Чешка про-НАТО тинк-тенк организација им понуди уште еден непобаран совет за западните влади. Сега тие треба да одбијат да им дадат пристап или интервју на руските медиуми кои, според мудриот „цензор“, не се вистински новинари, пренесува РТ.

На прв поглед, трудот „Стратегија за набљудување на Кремљ“ објавен минатата недела од прашкиот Европски центар за вредности за безбедносна политика, звучи како уште еден самоиницијативен обид да се заработи од антируската хистерија која опфати многумина на Западот во изминатите неколку години.

Постојат околу дваесетина спомнувања на „финансирање“, претежно во контекст на тоа да се повика ЕУ да потроши повеќе пари на независни невладини организации – како што се самите тие, очигледно – за борба против непријателското руско мешање што авторите ги гледаат „под секој кревет“. Дури има и предлог за секоја влада во ЕУ да спроведе своја верзија на истрагата на Милер – која не најде ниту еден доказ за дослух меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Русија, а нејзините докази за руско мешање беа непоткрепени тврдења.

Оваа невладина организација тврди дека сите европски земји треба да престанат да ги легитимираат руските алатки за дезинформација кои се претставуваат како новинарски платформи. Комуникациските канали што ефикасно ги водат руската влада, било да е тоа РТ, Спутник или руските државни ТВ-канали, не претставуваат новинарство, тие едноставно се преправаат дека се медиуми, се тврди во трудот.

Бидејќи Русите немаат слободни медиуми, тврди чешката организација, земјите од ЕУ треба да им забранат пристап на прес-конференциите и да не им овозможуваат пристап што им се дозволува само на новинарите.

Ова не е првпат чешката НВО да се обиде да забрани и бојкотира руски медиуми. Всушност, таа прв пат се појави во 2017 година, кога состави „црна листа“ на 2.327 „корисни идиоти“ кои се појавиле на РТ во обид да ги заплашат другите.

Само еден месец подоцна, истата организацијна ја спонзорираше т.н. Прашка декларација, што беше потпишана од еден од најистакнатите пропагатори на „Рашагејт“, заедно со некој по име Бамфри Мекдугол.

Иако е примамливо да се отфрли повикот за цензура заради тоа што потекнува од чешки тинк-тенк со срамно минато, тоа може да биде избрзано. Чешката НВО од 2018 година добива голем дел од финансиите од владите на државите-членки на НАТО – Холандија, Британија, Германија и САД. Тие отворено признаваат дека Лондон е јасен европски лидер во реагирањето на т.н. руска закана, мобилизирајќи го одговорот од ЕУ и финансирајќи голем дел од европското граѓанско општество.

Далеку пострашно е што оваа „препорака“ веќе се спроведува до одреден степен. Владата на САД ги повлече акредитациите на „РТ Америка“ во 2017 година откако го принуди каналот да се регистрира како „странски агент“. Францускиот претседател Емануел Макрон одби да разговара или да ги акредитира РТ или Спутник. Британската влада ги откажа акредитациите на РТ на Конференцијата за слобода на печатот во јули оваа година.

Во февруари, Канада ги одби акредитациите на „Спутник“ за состанокот на групата Лима за Венецуела, посветена на промената на режимот поддржан од САД во Каракас. РТ на шпански беше укината во Еквадор откако известуваше за протестите против штедењето, а набргу потоа и во Боливија од неизбраната влада поддржана од САД, која насилно го собори избраниот претседател Ево Моралес за да се пофали од Вашингтон.

Минатиот месец, украински активисти се обидоа да ја надвикаат шефицата на комуникации на РТ, Ана Белкина, додека во Стразбур зборуваше за слободата на печатот.

Еднаш е случајност. Двапати е случајност. Толку многу пати е непријателско дејствување. Тука се поставува прашањето дали слободниот говор е навистина либерална европска вредност или, пак, европските вредности и нивните газди што плаќаат веруваат дека овие вредности важат само за нив, а не и за другите?

Треба да знаете
Последни објави