Флорида го дочекува Божиќ со песочната елка Сенди

Божиќната идила најчесто се замислува како зимски пејзаж низ прозорецот, снег, топли пијалоци и украсена елка. Сепак, не сите делови од светот може да имаат вакви услови за празнување, но затоа се снаоѓаат многу вешто. Така жителите на Вест Палм Бич во Флорида целосно го игнорираат недостатокот на снег и зимзелени дрвја и самите си прават амбиент за претстојните божиќни празници.

https://www.instagram.com/p/B52uHYwgVJl/

Имено, овој американски град е дом на невообичаена божиќна елка.

Таа е изработена од песок, поточно, од 700 тони песок обликувани во форма на дрво со височина од 10 метри. Уште од 2012 година, пред празниците доаѓаат камиони со песок од кој се прави елката Сенди, а околу неа се обликуваат фигури што секоја година имаат различна тематика. За 2020 година темата е сурфање и заштита на животната средина.

https://www.instagram.com/p/B5vqgSbgkMn/

Како и секоја божиќна елка, Сенди е декорирана со украсни светла и секако ѕвезда на врвот, а уште од првиот пат кога е направена, таа стана туристичка атракција која низ годините ја посетиле околу милион туристи.

По празниците, целиот песок се користи за разни проекти низ градот и на тој начин Сенди ја зачувува животната средина.

Треба да знаете
Последни објави