Ременски очекува да запре постапката против неа

Пратеничката Фросина Ременски денеска даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал, за случајот со Меѓународниот сојуз на првообвинетиот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13. Таа во својство на потпретседател на сојузот, рече дека очекува конечно да биде запрена постапката кон неа.

-Денеска во обвинителството дадовме одговори и појаснувања за прашања којшто можеби биле причина за отварање на истрагата. Секако, ги расчистивме сите прашања кој што се во тој конекст како дилема на Јавното обвинителство и сметаме дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази, Јавното обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене- рече Ременски.

Таа потврди дека добила решение за завршена истрага кон неа и дека ќе ги искористат сите законски права до конечната одлука на Јавното обвинителство.

Вчера во истото обвинителство исказ даваше Јасна Мандиќ. Таа била втор човек во „Меѓународен сојуз“ и една од најблиските соработнички на Бојан Јовановски. По распитот нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ рече дека неговиот клиент неспорно бил доведен во заблуда.

– Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Нејзиниот потпис го има во договорот со „Дрим билдинг“ и мислам дека и со „Пелистер“ бидејќи е координатор на проектот и дел од „Меѓународен сојуз“. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет особи од „Меѓународниот сојуз“ кои потпишуваат – кажа Јанковиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави