Легендарниот гитарист се враќа во „Ред хот чили пеперс“

„Ред хот чили пеперс“ објавија дека Џон Фрушанте се враќа во групата по повеќе од десет години откако ја напушти популарната група.

Гитаристот го потврди своето заминување во декември 2009 година, откривајќи дека тој всушност ја напуштил групата во претходната година. Тој подоцна беше заменет со Џош Клингхофер.

Официјалните профили на бендот на социјалните медиуми потврдија дека Фрушанте се враќа, а Клингхофер си заминува.

https://www.instagram.com/p/B6G0L3OHVe8/

„Џош е прекрасен музичар кого го почитуваме и го сакаме. Ние сме благодарни за времето поминато со него и безбројните подароци што ги сподели со нас“, пишува, меѓу другото, во изјавата.

„Исто така, со голема возбуда објавуваме дека Џон Фрушанте се враќа во групата“, се додава.

Треба да знаете
Последни објави