Курти: Ќе се состанам со српска листа и ќе го почитувам Уставот

 Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти најави дека ќе се сретне со претставниците на Српска листа и ќе разговара со нив за исполнувањето на уставната обврска – давање на министерство на Србите.
Курти вели дека бидејќи во косовското Собрание нема српско малцинство освен „Српска листа”, тој ќе се сретне и со партија што лидерот на Самоопределување ја нарекува продолжена рака на Белград, пренесува „Газета Експрес”.
„До денот кога беа потврдени резултатите од изборите, се надевавме дека ќе успее друг пратеник што не е во Српска листа. Мојот проблем со нив не е затоа што е српска. На крајот, потврдата покажа дека тоа не е можно”, рече Курти.
Кандидатот за премиер на Косово наведува дека тој ќе се сретне со Српска листа и ќе се однесува како што косовскиот Устав предвидува назначување министер од редовите на српската заедница.
„Не сакам да ја екскомуницирам Српска листа, туку сакам да се сретнам со нив и да го разгледам тоа прашање и да истакнам уште еднаш дека ќе го почитувам Уставот.
Дури и по ова прашање, но да не ја мешаме уставната обврска со политичката коалиција. Немаме обврска да владееме во политичка коалиција со Српска листа”, рече Курти.

Српска листа, на предвремените избори во Косово, ги освои сите десет парламентарни места резервирани за српската заедница во косовското Собрание.

Треба да знаете
Последни објави