Search

Тејлор Свифт е апсолутна визија во црвен цветен фустан на премиерата на филмот „Мачки“ во Њујорк

Досега нејзина најголема улога во филм е како мачка што пее, Бомбалурина.

Тејлор Свифт заблеска на црвениот тепих во понеделникот вечерта во Њујорк – во свечената сала Алис Тули, Линколн Центар – на светската премиера на нејзиниот нов мјузикл „Мачки“.

30-годишната поп-ѕвезда а сега и актерка зрачеше со елеганција, се чини без никаков напор, во црвен сатенски фустан со цветни апликации.

Жена во црвено: Тејлор Свифт на себе има рубин-црвен фустан, креација на Оскар де ла Рента за пролет 2020.

Интригантниот фустан е дополнет со широк дел во бордо боја кој се пружа над нејзината десна страна заедно со дебело стебло на растение што ги одделува двата дела.

Фустанот без рамења ги истакнува  нејзините добро-тонирани раце.

Бомбалурина е главен лик во мјузиклот Cats (Мачки) на Ендру Лојд Вебер.

Бомбалурина е кокетна, самоуверена и темпераментна мачка со црвен капут. Неа ја глумеше Џералдин Гарднер во 1981 година, Дона Кинг на Бродвеј во 1982 година. А во филмот од 2019 година ја игра Тејлор Свифт.

 

Треба да знаете
Последни објави