Штрајк во цела Франција, не работат училиштата, возовите, Ајфеловата кула

Вработените низ цела Франција, вклучително и наставници, лекари, адвокати и работници во Ајфеловата кула, ги напуштија своите работни места денес за да протестираат против зголемувањето на возраста за пензионирање и за да го зачуваат системот за социјална заштита, плашејќи се дека претседателот Емануел Макрон планира да го уништи.

За граѓаните и туристите тоа значи дека веќе 13-ти ден се соочуваат со проблеми во сообраќајот, бидејќи машиновозачите продолжуваат да штрајкуваат поради пензиската реформа на Макрон.

Училиштата беа затворени, а испитите беа откажани откако наставниците се приклучија на штрајкот, пренесува „Ројтерс“.

Болниците побараа од своите вработени да обезбедат клучни услуги откако медицинските сестри, лекарите и фармацевтите излегоа на улиците за да го сочуваат некогаш фалениот јавен медицински систем кој се соочува со тешкотии по неколкугодишно намалување на трошоците.

Неколку часа пред почетокот на протестот, полицијата ја забарикадира Елисејската палата поради можноста да биде провоцирано насилство од активистите на „Жолтите елеци“ или радикални демонстранти, кои се бесни од економската неправда.

 

Треба да знаете
Последни објави