Search

Шпански суд одби да испорача поранешен министер на Венецуела

– Шпанскиот национален суд денеска одби да го испорача поранешниот министер за развој на електрика на Венецуела Хавиер Алварадо Очоа на САД, кој наводно бил вмешен во перење пари поврзано со државната нафтена компанија ПДВСА.

Судот соопшти дека се откажале од екстрадиција на Очоа, кој сега има шпанско државјанство и против кого, по слични обвиненија, се води истрага и во Шпанија.

Судот соошпшти дека американските документи покажуваат дека Алварадо и директорите на ПДВСА биле дел од американска криминална група, која меѓу 2011 и 2013 година собрала околу 500 долари мито од добавувачи. Се верува дека парите биле „испрани” во САД и други земји, вклучително и Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави