Search

Филипче со пензионерите од Велес: Нема повеќе домашни аптеки, лековите се достапни во текот на целиот месец

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со Здружението на пензионери во Велес на која разговараа за мерките и активностите што Министерството ги спроведува со цел унапредување на здравствениот систем во земјава.

– Со укинувањето на квотите на рецепт, пациентите имаат достапни лекови во секое време – на почетокот, на средината и кон крајот на месецот. Со пензионерите имаме континуирани средби, затоа што сакаме да го слушнеме нивниот став и размислување, да ни посочат во кои сегменти треба да се подобриме. Се видовме со пензионерите од Гевгелија, Битола, Скопје и Куманово. Тие се задоволни бидејќи повеќе не прават домашни аптеки и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек, изјави Филипче.

На средбата, како што соопшти Министерството, пензионерите ја поздравиле мерката за укинување на квотите и потенцирале дека се чувствуваат спокојно, бидејќи имаат лекови во кој било ден.

– Нема повеќе гужви. Обезбедивме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави