Спречени терористички напади во Виена и Салцбург

Австриските власти објавија дека бил разоткриен заговор за извршување терористички напади по Божик. Терористите планирале активирање експлозини направи на Божикен пазар во близина на катедралата Свети Стефан во Виена меѓу Божик и Нова година како и напади во Салцбург, Германија, Франција и Луксембург.

Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се приклучи на ИД во Сирија. Тој и од затворот останал во контакт со останатите членови на групата, кои се уапсени.

Треба да знаете
Последни објави