Продолжуваат судирите во Бејрут, консултациите за новиот премиер одложени

Приврзаниците на двете главни шиитски организации во Либан – Хезболах и Амал денеска се судрија со силите за безбедност и палеа возила во Бејрут, гневни поради видео снимки објавени на Интернет на кои се навредуваат шиитите.

Полицијата користеше солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите.

Насилството избувна неколку часа откако претседателот на Либан, Мишел Аун ги одложи разговорите за именување нов премиер, со што се продолжува конфузијата во услови на сè поголема економска и финансиска криза.

Аун ги одложи консултациите со лидерите на парламентарните блокови бидејќи единствениот кандидат, премиерот во оставка Саад Харири не доби поддршка од христијанските групи.

На одложувањето му претходеше насилство во текот на викендот, кога безбедносните сили спроведоа строги мерки против демонстрантите од почетокот на протестите низ Либан на 17 октомври: со солзавец, гумени куршуми и водени топови, стотици демонстранти беа растерани во центарот на Бејрут.

Треба да знаете
Последни објави