Присилно слетување на руски бомбардер поради откажување на моторот

Руската војска соопшти дека еден од нејзините бомбардери присилно слетал на трупот бидејќи му се расипал моторот.

Министерството за одбрана соопшти дека екипажот на бомбардерот Ту-22М3 слетал со авионот во ненаселена област во регионот Астрахан, јужна Русија.

Двајца членови на екипажот се повредени во инцидентот, но успешно го напуштиле авионот, пренесува АП.

Се тврди дека бомбардерот бил на обука по летање и не носел оружје.

Ту-22М3 е суперсоничен бомбардер со два мотори чие производство почна за време на Советскиот Сојуз и се користи во мисии во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави