Search

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на Мултилатерален дијалог со сестринските партии од регионот

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, и Советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски, од 15 до 18 декември, присуствуваат на Мултилатералниот дијалог за поврзување на партиите од Европската народна партија (ЕПП) од Балканот, кој се одржува во Тирана, Република Албанија.

На настанот кој е поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, присуствуваат високи претставници на народните партии од Македонија, Германија, Австрија, Кипар, Хрватска, Словенија, БиХ, Косово, Албанија, Србија и Црна Гора. Во рамки на работилницата, Муцунски се обрати со тема „Желбата за пристапување кон Европската Унија наспроти можностите“. Според него, балканските држави, затоа што се мали – мораат да научат да бидат побрзи од сите останати во реформите и во напредокот. Муцунски додаде и дека ЕУ е движечка сила за напредок, но не можеме да очекуваме дека надворешни фактори ќе влијаат кон решавање на домашните проблем. Наша работа не е да се жалиме на новата методологија, туку да станеме подобри кандидати атрактивни за пристапување кон ЕУ. Тоа не се прави со судско-политички скандали како „Рекет“, кои ја еродираат и основната доверба на граѓаните кон системот на државата.

Андоновски пак говореше за состојбите со миграциите, кои иако се природен феномен, влијаат кон креирање на стари општества – „општества на духови“ на Балканот.

Треба да знаете
Последни објави