Пресврт во приказната за 22 деца од Србија во Малта

По големиот притисок во јавноста дојде до пресврт во приказната за 22 деца од Србија во Малта на кои им се закануваше да бидат раздвоени од родителите поради недоволна заработувачка.

Премиерот на Малта утринава одржал состанок со министрите кои се вклучени во решавање на овој проблем и била донесена одлука за исклучок, дознава РТС. Тоа значи дека 22-те деца на српски државјани ќе добијат дозвола за престој и ќе останат на Малта.

Сепак, како што објави РТС, родителите се загрижени дека мерката може да биде краткорочна.

Претходно, до премиерот била поднесена петиција со која се бара децата да не бидат депортирани. За помалку од 24 часа петицијата ја потшишале 3.000 луѓе, меѓу кои и бројни познати личности и малтешкиот надбискуп.

Поддршка даде и поранешната претседателка на Малта, Мари-Луиз Колеиро Прека, која рече дека е згрозена поради третманот кој малтешката администрација го применува кон малцинските заедници.

Семејствата кои потекнуваат од трети земји, држави кои се надвор од ЕУ, мора да заработуваат 19.000 евра годишно плус 3.800 евра за секое дете.

Треба да знаете
Последни објави