Search

Предлог-решенијата за развој на туристичко-рекреативниот центар Водно не опфаќаат сечење на дрва

Град Скопје ја одржа втората работна средба со граѓани, економски оператори, рекреативци, спортски клубови и здруженија за заштита на планината Водно, со цел да го презентира концептот и да предложи соодветни содржини кои можат да се земат предвид за развој на туристичко-рекреативен центар Водно.
На работната средба се посочи потребата за безбедност на велосипедистите и планинарите, која би се постигнала со раздвојување на велосипедските патеки и планинарските патеки, односно изведба на нови патеки кои ќе бидат само за велосипедисти. Покрај неколку видови велосипедски патеки, во предлог студијата за развој на туристичко-рекреативен центар Водно се опфатени и следниве предлози: адреналински парк за деца (adventure park), кружна велосипедска трака за деца, парк за развивање вештини за баланс и моторика, авантуристичка патека за деца, подобрување на постојната опрема  за релаксација, како и поставување дрвена платформа со видиковец и други рекреативни содржини за деца и за возрасни.
Од презентерите на предлог-решенијата беше истакнато дека  за реализација на предлог-содржините нема да има потреба од сечење на дрвја, бидејки самите содржини се поставуваат со цел да бидат еколошки, и во согласност со степенот на заштита на планината Водно.
Забелешките од засегнатите страни присутни на работната средба ќе бидат земени во предвид, и измените во врска со предлог-содржините ќе бидат вметнати во финалната верзија на студијата, по што истата ќе биде објавена на интернет порталот на Град Скопје и ќе биде достапна на увид на јавноста.

Треба да знаете
Последни објави