Search

Прв женски гроб откриен во Света Гора

Коски, кои и припаѓаат на жена, биле откриени за време на реставрацијата под мермерниот под од византискиот храм во Света Гора, објави грчкиот весник „Катимерини”.

Повеќето коски откриени под храмот, кои им припаѓаат на најмалку седум лица, се на мажи. Сепак, три останки од коските се помали и деликатни и по антрополошкото испитување е утврдено дека се женски.

За да се утврди нивното потекло, манастирот Пантократор, каде што се наоѓа храмот, побарал коските да бидат датирани со метод на радиојаглерод.

Архитектот Федон Хаџиандону, кој ја надгледува реставрацијата, вели дека тоа е прв случај да се открие погреб на жена на Света Гора. На жените им е забрането да влезат во монашката република уште од средниот век.

Само во многу ретки случаи, при пиратски напади или други инвазии, монасите привремено прифаќале жени во манастирите.

Постои и легенда за еден српски крал, кој ја однел својата сопруга на Света Гора. Таму таа била постојано носена в раце, бидејќи нејзината нога не смеела да стапне на земјата. Во просториите каде што влегувала, биле поставувани килими за истата цел.

Треба да знаете
Последни објави