Search

Патот кој води кон Теферич е асфалтиран

Општина Кисела Вода ја заврши санацијата на свлечиштето на патот кој води кон населеното место Теферич. На оштетениот дел на овој пат во должина од 200 метри поставен е нов асфалт, а оваа седмица на истиот ќе се постават и решетки за одвод на атмосферските води. Во периодот што следува, на земјиштето покрај патот Општината ќе изврши хортикултурно уредување.

Денеска увид на патот направија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и членот на Советот на Општината, Дарко Филиповски.

Треба да знаете
Последни објави