Search

Папата Франциско го укина правилото „понтификална тајна“

Папата Франциско направи големи промени во начинот на кој Римокатоличката црква ќе се справува со случаите на сексуална злоупотреба, укинувајќи го правилото „понтификална тајна“, кое порано ги штитеше сторителите.

Два документи објавени од папата опфаќаат практики што постојат во некои земји веќе некое време, вклучително и пријавување на осомнеж за сексуална злоупотреба на цивилните власти, каде што тоа е пропишано со закон, објави „Ројтерс“.

Тие исто така забрануваат наметнување обврска на молчење за оние кои пријавуваат сексуална злоупотреба или тврдат дека се жртви.

Треба да знаете
Последни објави