Search

На Клоп не му се бендисува што Светското клупско првенство се игра сред сезона

Актуелниот европски фудбалски првак, англискиот Ливерпул со утрешниот натпревар против мексиканскиот Монтереј ќе го настапот во полуфиналето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Катар. На ова натпреварување ќе дебитира германскиот стручњак на клупата кај „црвените“ Јирген Клоп, кој не е задоволен што вака значајно првенство каде титулата е мотив за секој тим, се игра во екот на натпреварувачката сезона. Клоп смета дека подобро е да се игра турнирот пред почетокот на сезоната, или на крајот од истата. Поради поклопување на термините, Ливерпул кој веќе е во Катар, вечерва ќе игра против Астон Вила во англискиот куп со втор тим.

– Ако ме прашувате дали е добро да се игра клупскиот мундијал на средина на сезоната, ќе кажам не. Ова мое мислење сигурно нема да и се допадне на ФИФА, особено што го кажувам пред полуфиналето. Не знам дали оваа моја изјава ќе помогне да се смени нешто, но мислам дека е потребен нов термин. Сепак, тие планови ги оставам за ФИФА, но треба претходно да зборуваат со клубовите. Сакам да бидам дел од овој турнир и ова е прво мое искуство – вели Клоп.

Треба да знаете
Последни објави